сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 84
home Економија

Димитриеска Кочоска: Каде нѐ води Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?

Димитриеска Кочоска: Каде нѐ води Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?

Гордана Димитриеска Кочоска преку статус на Фејсбук прашува каде нѐводи Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?

-Каде нѐ води Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?
1. Попис без Македонци.
2. Надворешна политика за туѓа држава.
3. Наведната глава и понижување за сопствена држава пред Бугарија и
4. НАЈНОВО – до повисок процент на издвојување од даноците за финансирање на расипничкото однесување на некои општини.

НАЈНОВОТО: Вчера ме шокираше министерот за финансии Фатмир Бесими со своето гостување на телевизија Алсат М, за да шокот на крај биде проблем на превод?! Во секој случај Владата прави план како општините да добијат повеќе пари од централниот буџет. Дали со издвојување на поголем процент од даноците кој ќе се трансферира до општините или преку зголемување на даночните стапки, вклучително ДДВ-то и персоналниот данок, во очекување сме да видиме. Треба на македонски јазик да повтори министерот за да нема проблем во превод.

Зголемување на даноците во сред економска криза и тежок пат на опоравување на економијата е надвор од секаква логика. Се надевам дека даноците не ни помислуваат да ги зголемат. Зошто? Зголемување на даночната стапка на персоналниот данок на доход при зголемена невработеност, нарушена ликвидност и солвентност на фирмите само ќе значи продолжена тенденција на отпуштања и продлабочување на невработеноста. Зголемување на даночната стапка на ДДВ-то во услови на веќе започнат раст на финалните цени на производите и услугите ќе значи уште повисока инфлација. Инфлацијата при пониски примања и голем број на изгубени работни места ќе значи зголемување на сиромаштијата. Ова ќе ја убие и вака ниската приватна потрошувачка.

Зошто не посегнете прво по сивата економија? Зошто не прекинете со расипничкото трошење на државните пари на централно и локално ниво? Зошто во сред криза се трошат пари на бадеми и лешници, пари за тендери во четири очи, пари за тендери на ваши функционери? Зошто не ги консолидирате прво финасиите во општините? Зошто кај некои општини наплатата на даноците е ниска? Зошто во некои општини се трошат државни пари за скапи коли и ручеци и во сред криза? Зошто за ова никој не сноси одговорност?
Во земја во која сивата економија е околу 40% од БДП и не е оданочена, треба да се почне од неа. Почнете од справувањето со сивата економија, имате историска шанса! На тој начин ќе генерирате годишно од 200-250 милиони евра дополнителни приходи во буџетот. Зајакнете ја даночната администрација. Зајaкнете ги инспекциските служби. Така ќе имате повеќе пари за образование, здравство, за иновации, за дигитализација, за капитални инвестиции и за општините.

Длабоко верувам дека ако се изборите со сива економија, корупцијата, криминалот и недомаќинско работење кое егзистира по општините ќе нема потреба ни за издвојување на повисок процент од даноците кон општините. Ако тоа го направите, ќе имате кредибилитет да зборувате за вистинска фискална децентрализација. Зошто? Па веќе на два пати на општините им давате пари од централен буџет за покривање на долговите, а тие (општините) и понатаму ги зголемуваат долговите. Значи трансферите од централен буџет до локално ниво не се проблем – проблем е како се трошат парите!
Но тешко со оваа Влада. Од 2018 година имате и стратегија за сузбивање на сивата економија, а што направивте- НИШТО! Сѐ е на лист хартија, како и за сѐ останато, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.

Каде нѐ води Владата на ДУИ во која Зоран Заев само аминува?

1. Попис без Македонци.
2. Надворешна политика за туѓа…

Posted by Гордана Димитриеска-Кочоска on Четврток, 25 март 2021

Коронавирус