понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 90
home Економија

Денеска одлука за цената на горивата

Денеска одлука за цената на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ја соопшти одлуката за цените на нафтените деривати кои ќе важат од полноќ.

Минатата недела цената на дизелот се намали за 1,50 денари/литар, додека цените на бензините останаа исти.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намали за 1,00 денари/литар, а на мазутот М-1 НС 0,607 денар/килограм.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 75,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 77,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 66,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 66,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,245 (денари/килограм)

Коронавирус