среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 82
home Економија

Делев: Законското решение за Планот за економски раст не смее да се донесе бидејќи ќе нанесе енормна катастрофа врз економијата

Делев: Законското решение за Планот за економски раст не смее да се донесе бидејќи ќе нанесе енормна катастрофа врз економијата

Поранешниот заменик министер за економија, Христијан Делев во емисијата „Клик Плус” констатираше дека законското решение за имплементација на Планот за економски раст кој го донесе владата на СДСМ ќе нанесе катастрофална штета врз економијата и стопанството во Македонија.

-Мислам дека овој закон го нема видено некој правник бидејќи ова прво не може да биде закон. Причините зошто не може да биде закон, еве денeска го гледав па за одприлика половина час најдов преку сто грешки во законот односно сто причини зошто овој закон не може, ниту пак смее да се донесе затоа што ќе нанесе енормна катастрофа на стопанството и на економијата во Македонија, истакна Делев.

Тој потенцираше дека законското решение за економски раст не може да биде закон бидејќи основно е тоа што тој е поврзан со пет други закони.

Тие што го правеле законот треба да ја следат таа нормална постапка за правење закони. Тој додаде дека ваквиот принесен закон само докажува дека оваа влада не е подготвена да носи сериозни решенија кои имаат огромно влијание на економијата бидејќи сите пропусти се катастрофални за економијата.

За тоа дека нема да се реализира ребалансот што е предвиден за крајот на февруари, Делев истакна дека тоа значи прекршување на ветувањето кое е донесено пред граѓаните во Собранието. Тоа за граѓаните би значело дека буџетот што е донесен со закон, не важи. Тој додаде дека тоа е навистина несериозен пристап и значи дека нема да се изградат патишта и други ветени проекти од владата на СДСМ

Делев констатираше дека со овој предлог закон нема да се оствари ветувањето на владата на СДСМ дека странските и домашните компании ќе бидат изедначени.

-Викавте ќе ги изедначиме. Во член 10 се вели „Едни важат правила за компаниите надвор од зоната, а други важат сосема различни во зоната.” Каде вие ги изедначивте, праша Делев.

Коронавирус