четврток, 23. јуни 2022. Вести денес: 190
home Економија

Дел од горивaта повторно поскапеа, ова се цените кои важат од полноќ

Дел од горивaта повторно поскапеа, ова се цените кои важат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги  вчера донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09 % во однос на одлуката од 12.05.2022 година.

Веќе од полноќ дел од горивата се продаваат по повисоки цени.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 1,00 ден/лит, додека малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,258 ден/кг и сега ќе изнесува 52,436 ден/кг.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 92,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 94,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 86,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 84,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 52,436 (денари/килограм)

Коронавирус