петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 141
home Економија

„Дали инвеститорите на фотонапонските централи во Свети Николе и Македонски Брод ќе бидат жртва на нечии апетити?“

„Дали инвеститорите на фотонапонските централи во Свети Николе и Македонски Брод ќе бидат жртва на нечии апетити?“

Дали инвеститорите на фотонапонските централи во Свети Николе и Македонски Брод ќе бидат жртва на нечии апетити?

Новите фотонапонски централи во Свети Николе и Македонски Брод со кои се фали Владата на СДСМ нема повеќе да имаат повластена тарифа, туку само премиум тарифа, чија максимална вредност изнесува 0,01 €/MWh за произведена електрична енергија. Добивањето на електричната енергија од сонцето како обновлив извор е единствен каде согласно Уредба донесена од Владата на СДСМ во 2019 година нема повеќе повластена тарифа за произведената електрична енергија, туку само премиум тарифа, чија максимална вредност изнесува 15 €/MWh. Кај сите други извори на обновлива енергија (вода, ветер, биомаса и биогас) постои повластена тарифа загарантирана во определен период (15-20 години) која производителот-инвеститор ја добива како загарантирана вредност од државата за откуп на произведената електрична енергија, која се движи од 89 €/MWh за ветер, до 120 €/MWh за вода и до 150 €/MWh за биогас и биомаса .

Добитнитиците на овие тендери ќе користат само премиум тарифа, а произведената електрична енергија ќе ја продаваат слободно на пазарот. Како новина се воведе УСЛУГА ЗА КУПУВАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ПРОИЗВЕДЕНА ОД ПОВЛАСТЕНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ШТО КОРИСТАТ ПРЕМИЈА, т.н. off-taker кој во Законот за енергетика, како и Правилникот за обновливи извори на енергија не постои. Но, не е прв пат да се кршат закони во државава. off-taker е снабдувач или трговец, одбран на тендер кој произведената електрична енергија од сонце ќе ја откупува од овие фотонапонски централи за следните 5 години. На успешно спроведениот тендер и аукција победи компанијата Енерџи Деливери Солушнс ЕДС ДООЕЛ Скопје.

Дали со ова се задоволуваат нечии апетити?

Секако дека се задоволуваат и тоа на грбот на македонската економија и инвеститорите, кои треба да се задолжат по банките за да изградат производен капацитет-фотонапонска централа и да го отплаќаат кредитот. А за произведената енергија од сонцето ќе добијат цена како да ја продаваат енергијата на берза. Избраниот на тендер off-taker ќе им ја откупи произведената електрична енергија од овие фотонапонски централи, толку колку што е цената на енергијата на берзата на HUPX. Истата ќе биде намалена за трошоците за балансирање и процентот на рабатот кој изнесува 9,55 % од цената на енергијата на берзата, што претставува заработувачката на овој снабдувач, т.н. off-taker .

Се поставува прашањето: кому ова ќе му одговара најмногу?

Се разбира на off-taker-от, т.е. компанијата ЕДС ДООЕЛ Скопје! Се вели во Фејсбук статусот на комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Коронавирус