среда, 24. април 2019. Вести денес: 43
home Економија

Далеку сме од Европа, а само Африканци можат да ни завидат: Македонците тонат во сиромаштија, ништо од ветувањата на СДСМ за раст на просечната плата

Далеку сме од Европа, а само Африканци можат да ни завидат: Македонците тонат во сиромаштија, ништо од ветувањата на СДСМ за раст на просечната плата

Во многу земји во светот има ниски просечни плати, се живее многу тешко, работа едвај се наоѓа, а стандардот е полош и од македонскиот.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари, oбјави деновиве Државниот завод за статистика.

Ако се погледнат статистики, Македонија има подобра просечна плата од некои земји од Африка, Азија. Но, Македонија е далеку од Европа каде просечните плати се високи, анализира ФАКТОР.

Eден Индиец месечно заработува по 152 долари во просек, 132 зема работник во Пакистан, 124 во Гана, 123 во Бангладеш, 120 во Кенија, 62 во Етиопија, 48 во Авганистан, 38 во Конго, 33 во Мадагаскар. Сирија има просечна месечна плата од 153 долари, Нигерија 173, Виетнам 181, Украина 199, Мароко 239 долари. Во Египет земаат по 251 долар месечно во просек, во Индонезија 295, Филипини 305, Шри Ланка 320, покажуваат податоците од WorldData сумирани за 2017 година.

Овие земји се на дното, но над нив се редат балканските, односно нашите соседи кои исто така се сиромашни.

Ништо од ветените 500 евра: Просечната плата наместо да расте, се намалува

Просечната плата никако да се мрдне од место. Иако СДСМ во предизборниот период најавуваше просечна плата од 500 евра и тоа за секој вработен од едно семејство, новите податоци на Заводот за статистика се поразителни.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2018 година, изнесува 24 548 денари.

Просечната плата бележи намалување за 269 денари во однос на месец октомври 2018 година кога просечната месечна исплатена нето-плата по вработен изнесуваше 24 817 денари.

Иако темата околку платата беше едно на најголемите ветувања на СДСМ сепак како и многу други ветувања и ова остана неисполнето.

Па така од нивната програма “За Живот“ темата за просечната плата е на самиот врв односно на 3-тата страна. Тие во нивната програма ќе напишат:

„Обезбедуваме живот за сите граѓани на Македонија! , и набројуваат 5 клучни работи кои ќе ги направат од кои просечната плата е на прво место. СДСМ и Зоран Заев сигурни во нивните ветувања под реден број 1 ќе напишат : 1. Гарантираме повисоки плати. Просечна плата до 30.000 денари. Во семејство со двајца вработени, тоа се 1.000 евра. Ќе има и за храна, и за сметки, и за одмор“.