понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 135
home Економија

Цуклев: Ребалансот ви е нереален

Цуклев: Ребалансот ви е нереален

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Цуклев на денешната расправа за ребалансот на буџетот во Комисијата за финансирање и буџет порача дека овој ребаланс е доказ дека оваа Влада е Влада за едно прашање.

-Ребалансот ви е нереален. Ниту ќе ги постигнете предвидените стапки на економски раст иако намалени затоа што прогнозите на ММФ ова не го кажува опозицијата, на ММФ се далеку пониски од вашите. Ниту ќе ги остварите планираните буџетски приходи, ниту ќе ги реализирате капиталните инвестиции иако се намалени за 100 милиони евра од 400 на 300 милиони евра. Катастрофалното ниво на реализација на капиталните инвестиции е доказ дека сте вие Влада за едно прашање и дека не поседувате капацитет за водење на институциите, реплицираше Цуклев на говорот на министерот за финансии Драган Тевдовски.

 

 

Коронавирус