недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 52
home Економија

Четири странски инвеститори ја напуштија Македонија во последните месеци

Четири странски инвеститори ја напуштија Македонија во последните месеци

Годинава е најлоша година за инвестициите во Македонија. Оваа година прокнижени се само 119 милиони евра а покрај тоа што нема нови странски инвестиции Македонија ја напуштиле и четири инвеститори од странство во последните неколку месеци.

Македонската економија се потешко се справува со последиците од корона пандемијата. Наместо нови странски инвестици, инвеститорите ја напуштаат Македонија. Владата раскина уште два договора за инвестирање во Тирз во Бунарџик. Од почетокот на пандемијата раскинати се вкупно 4 договори. Се работи за две Турски компании кои договори потпишале пред две години.

Ќе се раскинат договорите со уште две компании кои требаше да инвестираат во Бунарџик. Ова пред еден месец го најави веќе екс директорот на зоните, а Владата го разгледувала ова и на седница. Се работи за две турски компании кои договори потпишале пред две години и уште не почнале со градба. Тие се откажале од намерата да инвестираат.

Станува збор за Џемдаг Лајтенинг, компанија која произведува светилки за улично осветлување и Доган Отомотив која е производител на резревни делови за автомобилската индустрија.

Овој сектор е во криза во целиот свет. Последните рестриктивни мерки нив Европа ќе придонесат побарувачката за автомобили дополнително да се намалува. Во компаниите во земјава кои работат како добавувачи за големите автомобилски фабрики, во моментов работа има, но неизвесно е каква ќе биде состојбата за десет дена.
Пред два месеци Владата раскина договори со уште две компании, гермаснки Кеслер и албански Саген кои не почаа со градба во Бунарџик.

Ова е прв пат до сега од страна на државата да се раскинат договори за закуп на земјиште со странски инвеститори, а тоа сега се случува веќе четврти пат во текот на неколку месеци.

Владата даде дозвола на Дирекцијата да го раскине договорот со фармацевтската компанија Саген, кој требаше да инвестира 20 милиони евра во Илинден. Со албанскиот инвеститор беше потпишан договор во 2018, кога на прес-конференција беше објавено дека ќе вложува во две фази и дека ќе отвори 300 работни места. Подоцна имаше и свечен чин на отпочнување на изградбата со владини претставници.

Претходно беше одлучено да се раскине и договорот со Кеслер. Германската компанија која во Бунарџик најавуваше 150 висококвалификувани вработувања во Бунарџик најверојатно останува да произведува електромотори во изнајмениот објект во Илинден. Договорот со Кеслер беше постигнат на крајот на 2017 а беа најавувани 150 вработувања.

Коронавирус