сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 25
home Економија

Честитка од гувернерката на НБРМ: И во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем

Честитка од гувернерката на НБРМ: И во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем

Гувернерката на НБРМ Анита Ангеловска-Бежоска ја честита новата година и порача дека и во 2019 година ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем.

– Во име на моите колеги од централната банка и во мое име, со искрени желби за добро здравје и среќа ви ја честитам Новата 2019 година. Посакувам да ни биде година на хармонија, напредок и нови достигнувања.

Сигурна сум дека и во годината што е пред нас ќе бидат одржани макроекономската стабилност и стабилноста и сигурноста на банкарскиот систем на Република Македонија. И во следните 365 дена ќе ги унапредуваме сите сегменти на централнобанкарското работење во земјава, за да може НБРМ и натаму да го дава својот максимален придонес во доближувањето на македонската економија до европското семејство.

Најсилните желби нека ни станат реалност!

Среќна Нова 2019 година!

д-р Анита Ангеловска-Бежоска – стои во честитката.