сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Економија

Централниот регистар ќе прима годишни сметки до 21 часот

Централниот регистар ќе прима годишни сметки до 21 часот

Централниот регистар ги потсетува фирмите и други субјекти дека се наближува рокот за поднесување на завршната годишна сметка и финансискиот извештај за 2018-та година.

Приемот на годишни сметки и финансиски извештаи за 2018 година во хартиена форма ќе биде во деновите 26.02.2019 (вторник), 27.02.2019 (среда) и 28.02.2019 (четврток), додека поднесувањето во електронска форма е на 15.03.2019 (петок) година од 08:00 до 21:00 часот.

„Микро и мали субјекти кои нема да достават годишна сметка во хартиена форма во законскиот рок, ќе имаат можност годишната сметка, согласно Законот за трговски друштва да ја поднесат во електронска форма до 15.03.2019 година“, велат од Централниот регистар.

Правните субјекти во градовите во кои регистарот нема свои канцеларии ќе може да ги поднесат во објектот на Општина Кратово, во објектот на Општина Демир Хисар и во објектот на Уни банка во Крушево.