сабота, 28. март 2020. Вести денес: 110
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Економија

Цените на индустриските производи зголемени за 1,1 отсто на годишно ниво

Цените на индустриските производи зголемени за 1,1 отсто на годишно ниво

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во октомври годинава се непроменети на месечно ниво и повисоки за 1,1 отсто на годишно ниво, објави денеска Државниот завод за статистка.

Во октомври  во однос на септември годинава продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 0,8 проценти  и Трајни производи за 0,2 проценти.

Во споредба со октомври минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,7  проценти, Капитални производи за 1,5 проценти и Енергија за 1,7 проценти.