среда, 16. јануари 2019. Вести денес: 116
home Економија

Цената на нафтата порасна над 58 долари за барел

Цената на нафтата порасна над 58 долари за барел

Цената на нафтата на светските берзи денеска одново забележа зголемување, продолжувајќи го најдолгиот пораст во последните 17 месеци поттикнат од намаленото производството на енергенсот, но и од најавените кинеско-американските преговори во Пекинг, кои треба да ги испеглаат трговските односи помеѓу двете земји.

Инвеститорите во нафтениот пазар, исто така, се недеваат на запирање на растот на комерцијалните резерви на нафта во САД.

Цената на нафтата од типот „брент“ на Лондонската берза за испорака во март денеска достигна 58,31 американски долари за барел, додека цената на американската „лесна“ нафта на берзата во Њујорк за февруарска дистрибуција, речиси го достигна нивото од 50 долари за барел.

Според проценкита на аналитичарите, како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, комерцијалните резерви на нафта во САД минатата недела се намалиле за 1,75 милиони барели.

Во годишниот извештај на нафтениот гигант Бе-Пи е наведено дека најголемиот производители на нафта во светот, Саудиска Арабија, во 2017 година произведувала по 11,95 милиони барели нафта дневно. По Саудиска Арабија, следуваат Русија и САД, кои во изминативе годиии ги менуваат местата како втор и трет нејголем светски производител на нафта.