четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Економија

Буџетот како бунар без дно – Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 44 милиони евра

Буџетот како бунар без дно – Владата денеска ги задолжи граѓаните за нови 44 милиони евра

Капитални инвестиции нема, а Владата продолжува редовно да се задолжува на домашниот пазар. Министерството за финансии денеска одржа аукција на хартии од вредност со која планираше да повлече нови 2 милијарди и 130 милиони денари односно околку 35 милиони евра, но на аукцијата беше повлечена драстично поголема сума.

Денеска беа продадени државни овбрзници и записи во вредност од 2.674.480.000 денари односно 44 милиони евра.

 

 

Претходно беше најавено дека владата ќе повлече 2 милијарди и 130 милиони денари односно околку 35 милиони евра.

Владата годинава издаде и еврообврзница во вредност од 700 милиони евра.

Јавниот и државниот долг во првото тримесечје од 2021 година, по повлекување на средствата од осмата еврообврзницата, забележа раст од 2,3 и 2,9 процентни поени. Јавниот долг изнесува 62,5%, додека државниот изнесува 54,1%.

Коронавирус