вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Економија

Бројките на државните институции не се совпаѓаат- се намалува ли невработеноста вештачки?

Бројките на државните институции не се совпаѓаат- се намалува ли невработеноста вештачки?

Дали владата на СДСМ уште од првиот ден манипулира со бројката невработенст во Република Македонија? Официјалните податоци на Државниот завод за статистика за 2016 година велат дека во Македонија невработеноста изнесувала 23,7 проценти, податок кој за претходната власт беше огромно достигнување со оглед на тоа што само 10-тина години претходно, невработеноста изнесуваше рекордни 38 проценти.

Сепак официјалните податоци на ДЗС не го спречија Заев да се пофали со „квантен скок“ во намалување на невработеноста. Имено премиерот на форум на Европската банка за обнова и развој во Брисел се пофали дека по доаѓањето на власт на СДСМ невработеноста изнесувала 27 проценти, а неговата власт со своите политики истата ја намалила на 19,4 проценти. Дали премиерот Зоран Заев повторно настапи со својата позната „весела математика“, која нималку не се соодветствува со реалната слика која ја добиваме од официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Сомнеж за манипулација со бројката на невработеност од страна на власта има и поради најновите податоци во однос на невработеноста кои што воопшто не се поклопуваат. Па така, ДЗС изброи помалку невработени од Агенцијата за вработување, односно статистика изброи 168.180 невработени заклучно со 30 јуни 2019 година, а АВРМ изброи 189.506 илјади невработени. Агенцијата за вработување ги брои само оние лица кои се физички присутни и се пријавуваат на 6 месеци или пак секој месец кај нив. Поради која причина статистика избриша 21.326 лица од својата листа на невработени, за сега невработеноста да изнесува 17,5 проценти останува нејасно, но повеќе од очигледно е дека станува збор за сериозна манипулација со бројката на невработени лица во Република Македонија.