петок, 23. јули 2021. Вести денес: 26
home Економија

Битиќи: Владата нема концепт за економски развој

Битиќи смета дека интервенцијата која Владата сака да ја направи кај 11% од постоечките компании, тоа се всушност големите компании на кои и не им е многу потребна државна помош затоа што тие многу лесно можат да дојдат до финансиските средства кои постојат на слободниот пазар од комерцијалните банки.
Битиќи: Владата нема концепт за економски развој

Планот за економски раст, што со толку помпезност го презентираше Владата пред девет месеци, во себе има многу принципиелни и суштински проблеми, затоа што од една Влада се очекува да создаде можност за бизнисот да се развива а не Владата да го субенционира бизнисот, рече економскиот експерт, Фатмир Битиќи, во дебатната емисија “Економски магазин“ на Алсат-м телевизија.

Битиќи смета дека интервенцијата која Владата сака да ја направи кај 11% од постоечките компании, тоа се всушност големите компании на кои и не им е многу потребна државна помош затоа што тие многу лесно можат да дојдат до финансиските средства кои постојат на слободниот пазар од комерцијалните банки.

– Друга работа што се прави со толкава помпезност, со еден закон, со една интервенција кај 11% од постоечките компании. И ако се анализираме кои се овие 11% од компаниите ќе видиме дека овие се големите на кои, им е многу лесно да оперираат и секако дека доаѓаат многу лесно до финансиските средства кои постојат на слободниот пазар од комерцијалните банки или другите фондови, тврди Битиќи.Економскиот експерт, Битиќи, вели дека со новиот закон за еконмски раст Владата ги запостави наместо да им помогне на секторите кои во последните 10 години дале најголем економски импулс во државата, но кои во последната година стагнирале.

– Ако гледате во Законот во првата и втората мерка, секторите кои ќе се поддржат се секторите кои минатата година покажале дека не се најголемите придонесувачи во економскиот развој на државата туку се секторитее кои фактички или имаат стагнација или на минорен начин придонесуваат во БДТ. Од друга страна се запоставини сектори кои во последните 10 години дале најголем економски импулс, ги дале најдобрите резултати, додека последната година имале стагнација и наместо Владата да види што да прави во таа насока, таа ги запоставува нив, констатираше Фатмир Битиќи.

Тој исто така вели дека не треба да имаме големи очекувања дека со 50 милиони ќе имаме некаков стимул во економијата, и дека државата ги наградува големите фирми со приложување само на еден документ, додека пак на малите фирми ќе треба да исполнат серија на тешки критериуму за да добијат државни финансиски средства.

– Ние гледаме една државна интервенција од 50 милиони, каде државатаа им помага на големите компании, затоа што ги субвенционира поради нивните одлуки кои им донеле успех, а на малите, во овој случај микро, малите и средни претпријатија, кои ќе бидат дел од третиот столб, имаат серија критериуми кои ќе треба да ги исполнат и кои секако ќе бидат многу потешки критериуми отколку овие првите кои само со еден документ и успехот што го пријавиле, добиваат средства. Овие другите треба да планираат нешто во иднина и да чекаат ако имаат успех да ги добијат средствата, и мислам дека ова не е рамноправна можност, рече Битиќи во дебатната емисија “Економски магазин“.

Меѓу другото, Битиќи вели дека Владата нема концепт за економски развој затоа што Владата нема долгорочна стратегија за економски развој.

Извор: ЕКОНОМСКИ

Коронавирус