недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 43
home Економија

Без давачките кон државата, литар дизел би чинел 39 денари

Без давачките кон државата, литар дизел би чинел 39 денари

Литар безоловен бензин и дизел за 39 денари. Толку би чинело горивото на бензинските пумпи ако од малопродажната цена се одбие делот кој оди во државната каса, преку разни давачки, даноци и акцизи, а остане само производствената цена и трговската маржа. Нафтените деривати се добри полначи на буџетот поради нивната голема потрошувачка од населението и стопанството, па затоа секоја држава сака да загризе што поголем дел од овој колач и тешко се откажува од приходите од нив. Последен таков пример е зголемувањето на акцизата за дизел горивото од 1 јануари годинава за 3 денари, а со додаден ДДВ за 3,5 денари по литар, што треба да донесе дополнителни 30 милиони евра во буџетот, пишува Фактор.

Цената на нафтените деривати кај нас не се одредува пазарно туку неа ја одредува Регулаторната комисија за енергетика на секои две недели. Основа за формирање на цената што ја плаќаме кога точиме гориво на бензинска пумпа, е рафинериската цена, која се одредува според методологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД „Окта“ Скопје, потпишан меѓу Владата на Република Македонија и акционерското друштво „ЕЛ.П.Е.Т. – Балканики” како стратешки инвеститор, кое е во сопственост на грчки „Хеленик петролеум“.