недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 26
home Економија

Бесплатно сместување, храна и добиваш плата- откриено колку заработуваат работниците на брод

Бесплатно сместување, храна и добиваш плата- откриено колку заработуваат работниците на брод

Освен добра плата, работниците на бродови имаат осигурана бесплатна здравствена нега и заштита, оброци, сместување и други погодности кои можеби ги немаат во својата држава.

Кога станува збор за идеална работа, во приказните на луѓето често може да се слушне дека „работниците на брод заработуваат брутални пари“. Сега е конечно познато колкава е таа цифра бидејќи во разговор со Бизнис Инсајдер откриле колку заработуваат. Она што може веднаш да се види е големата разлика во платата меѓу работниците кои заработуваат најмногу и оние кои заработуваат најмалку на бродот.

Бизнис инсајдер разговарал со 35 работници на брод кои месечно во просек заработуваат од 500 до 10.000 долари. Околу 40 отсто од испитаните работници велат дека заработката им е еднаква или помала од 2.000 долари, што значи 1.700 евра.

Работник во кујна на Carnival Cruise Lineu месечно заработува најмалку, додека првиот официр на Royal Carnival Carribean International главно има најголема плата. Малку платени се работниците од земјите во кои работниците попмалку се платени од тие во САД, како Кариби, Северна Африка, делови од Азија и источна Европа. Работник чија месечна плата е од 1.600 до 1.800 долари месечно рекол дека на бродот заработува повеќе отколку во Чиле.

Вработените на брод можат опуштено да заработат повеќе пари отколку работниците базирани на копно затоа што трошоците за живот им се помали. Не мораат да плаќаат сместување ниту храна. Освен тоа, имаат распоред таков да работат повеќе часа, па меѓу другото така може да заработат повеќе пари. Просечна плата на 35 работници на брод кои разговарале со Бизнис инсајдер е 2.600 долари.

Постојат три најголеми компании кога станува збор за работа на брод: Carnival Corporation, Royal Cribbean Cruses i Norwegian Cruise Line Holdings. Годишните приходи за 2018 година за работниците нa Carnival Croporation бил 16.6222 долари, на Royal Caribbean Cruises се 19.369 долари, а вработените на Norwegian Cruise Line Holdings заработиле 20.101 долари.

Освен добрата плата, работниците на брод имаат осигурана бесплатна здравствена нега и заштита и други погодности.