среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 172
home Економија

Бензините од полноќ со нова цена

Бензините од полноќ со нова цена

Регулаторната комисија ја донесе одлуката за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно истата цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 0,50 денар/литар

Новата ценат на  ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 59,00 ден/лит, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 13.10.2020 година, и со тоа малопродажната цена а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,50 ден/лит, и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,109 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.10.2020 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 26,754 ден/кг.

Коронавирус