вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 97
home Економија

Бектеши: Ќе се замрзнат цените и на оризот и јајцата

Бектеши: Ќе се замрзнат цените и на оризот и јајцата

Крешник Бектеши, министерот за Економија, рече дека Владата размислува да ги замрзне и цените на оризот и јајцата со бранот на инфлација кој веќе се чувствува во земјата.

Тоа значи дека овие производи ќе се додадат на веќе постоечката листа на замрзнати цени на сончогледовото масло, брашното тип 400, леб, шеќер, свежо млеко, сирење која беше усвоена со одлука на Влада во саботата.

– Ќе ги почекаме цените од Заводот за статистика за месец ноември. Ако има зголемување драстично, ќе донесеме прошируваме на одлуката за замрзнување на оризот и јацата за наредните два месеци, рече Бектеши.

Цените кои биле формирани од трговците од 1 декември ќе важат до 31 јануари. Бектеши вели дека во овој период тие нема да се зголемуваат.

Најнови вести

Коронавирус