понеделник, 20. мај 2019. Вести денес: 56
home Економија

Банкнотите со новото име на државата во оптек од почетокот на 2020 година

Банкнотите со новото име на државата во оптек од почетокот на 2020 година

Првите пари со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек на почетокот на наредната година.

Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, најпрво ќе бидат пуштени банкнотите од 500 денари, а потоа и оние од 10.

– Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари, рече Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, по презентацијата на пролетните макроекономски проекти, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани и со албански јазик, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Ангеловска-Бежовска потсети дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.