сабота, 17. ноември 2018. Вести денес: 0
home Економија

Арсовска: Не може да не реагираме, со овој закон не добиваме ништо

Арсовска: Не може да не реагираме, со овој закон не добиваме ништо

Во вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ која се емитува на телевизија Телма, Данела Арсовска од Сојузот на стопански комори во врска со воведувањето на прогресивен данок истакна дека не може да не се очекува да нема реакција за нешто кое се носи со најава пред имплентација од само еден месец.

Таа рече дека во деветиот месец од годинава сите стопански комори доставиле одреден предлог со што тој предлог убаво покажал какво е расположението на заедницата.

-Пораките на ЕУ и Советот на ЕУ се многу децидни и кажуваат дека сите засегнати релевантни страни треба да се повикаат во процесот на драфтирање на примарната и секундарната регулатива.Тоа значи и во законите и подзаконите акти треба да ги вклучите оние коишто ви се релевантни страни во нивното драфтирање. Ние не добивме ништо. Добивме само готово решение, спремно за имплементација, истакна Арсовкска.

Таа додаде дека брзото носење на даноци секогаш во пракса покажало дека има проблеми во имплентацијата и затоа после или има проблеми или се враќаат на стари решенија.