петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 0
home Економија

Арсовска до Ангеловска: Третиот пакет мерки не може да се нарече пакет за опоравување, кога бизнисите се во фаза на преживување

Арсовска до Ангеловска: Третиот пакет мерки не може да се нарече пакет за опоравување, кога бизнисите се во фаза на преживување

Данела Арсовска, претседател на Сојузот на Стопански комори на Македонија, денеска во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија во однос на третиот сет на мерките од страна на владата, истакна дека не може да се согласи со министерката Нина Ангеловска затоа што реалниот сектор со овој трет сет мерки не може да се каже дека се опоравува, кога истиот е во фаза на преживување.

-Сојузот на Стопански комори бараше дел од мерките, односно финансиската помош за работадавачите да се продолжи уште два месеци, истото беше скромно барање и требаше да се исполни од страна на владата, како и тоа дека не можеме да се согласиме дека овој трет пакет на мерки сега може да се нарече пакет за опоравување, кога се уште сме во фаза на преживување, критикуваше Арсовска.

Таа вели дека во нивните барања до владата побарале одложување до крајот на годината за затезните камати и сите останати работи кои дополнително ќе ги оптоварат бизнисите и граѓаните коишто не се во можност сега да ги исполнат своите обврски.

-Тие практично се на некој начин казнети со камати за нешто за кое што не се во можност да го плаќаат, за истото требаше да им се излезе во пресрет, вели Арсовска.

Арсовска истакна исто така дека реалниот сектор во своите проекции предвиди пад на економијата од 4% во рамки на проекциите од страна ММФ, значајно е дека истата ќе подлежи на ревизија затоа што кај нас, како што вели за разлика од останатите земји гледаме дека не е на повидок завршување на оваа криза ни на здравствен план ниту на економски план.

-Не верувам дека ќе успееме до четвртиот квартал да се вратиме назад, зборуваме дека ќе може да се спречи ако има мерки со коишто ќе влијаат финансиска помош во стопанството, да има враќање на економијата и опоровавување до 2021 година, но сега гледаме дека ќе се прелее ова и во 2021 година, потенцираше Данела Арсовска.

Коронавирус