петок, 15. јануари 2021. Вести денес: 196
home Економија

Антони Пешев: Ова прогресивно оданочување е на товар на кршливата македонска економија и оданочени ќе бидат најдобрите експерти

Антони Пешев: Ова прогресивно оданочување е на товар на кршливата македонска економија и оданочени ќе бидат најдобрите експерти

Антони Пешев, поранешниот владин министер, а сега претседавач на собранието на Стопанската комора, во интервју за Фактор Магазин откри дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не им го најавил прогресивниот данок на бизнисмените, иако бил назначен од таа провиненција. Стопанската комора на Македонија била ставена пред свршен чин.

– Знаевме дека ќе се носи данок за приходи над 60.000 денари, но никој не не праша за овие сет-мерки. Овој закон се носи во критично време за македонската држава. Тајмингот е преклопен со носењето на тешки политички одлуки и можеби целта е да се дефокусира јавноста. Ова решение е на товар на кршливата македонска економија. Ќе бидат оданочени најдобрите експерти во Македонија. Ние дополнително ќе ги оданочуваме оние кои ни се најпотребни во државата. Оние кои се најмобилни и тие што се решени да заминат од земјата сега ќе бидат уште помотивирани да го направат тоа. Даночната реформа првенствено се однесува на платите, но има и странични зафаќања за кои ќе има повисока стапка која не е прогресивна – вели поранешниот политичар.

Стопанската комора на Македонија не е политичка партија и не може да одлучува на владини седници. Малку замирисува на популизам, а нас не ставаат во неблагодарна ситуација, бидејќи ние сега треба ли да се спротивставуваме на некој светски концепт на развиена економија, додава Пешев.

Вели дека странските инвеститори нема да бидат погодени, бидејќи не даваат толкава плата, односно не ангажираат такви високоплатени профили, па тие нема да се противат.

Според Пешев, македонската економија и владата треба да се насочени кон намалување и ефикасност на администрацијата. Според него, тоа треба да биде економски приоритет, а не зголемување на даноци, кои се типични за вонредни ситуации, како на пример војна.

Коронавирус