понеделник, 5. јуни 2023. Вести денес: 0
home Економија

Анѓушев потврди дека е енергетичар, а не економист од чии одлуки корист ќе имаат граѓаните

Анѓушев потврди дека е енергетичар, а не економист од чии одлуки корист ќе имаат граѓаните

Владата e во дилема дали да го продолжи или раскине договорот со кинеската компанија „Синохидро“, која го гради автопатот Кичево Охрид. Како што изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев, причината за ова е што „Синохидро“ барала измени во правец на поголеми количини на работа кои се појавиле на терен.

– Изградбата на автопатот Кичево – Охрид има сериозни проблеми, бидејќи кинеската компанија „Синохидро“ бара нови средства и поставува непријатни услови кон македонските компании. Имаме две опции или да го раскинеме договорот со нив или да го продолжиме и да издвојуваме нови средства, рече Анѓушев.

Дел од јавноста ваквата изјава на Анѓушев ја коментира како несоодветна, поради фактот што Анѓушев работи со хидроцентрали и многу добро треба да знае дека многу често се јавува отстапување помеѓу планот и реалноста на терен и речиси да нема голем инфраструктурен проект каде нема вакви барања.

Дополнително, познавачите сметаат дека доколку има реална потреба од нови количини, јасно е дека и доколку Владата се одлучи да го раскине договорот и склучат нов со нова фирма, и таа ќе бара да се усогласи со реалноста на терен.

Нелогичностите искажани од Анѓушев денеска не запреа тука, бидејќи вицепремиерот излезе и со тврдења дека сите светски искуства покажале дека со зголемување на домашната потрошувачка не можело да се влијае на растот на БДП, тврдења со кои Анѓушев покажува дека не е економист, туку енергетичар.

Сепак, реалноста во економијата според економските експерти е сосема друга. Имено, поголемите држави кои се истовремено и големи пазари и големи производители на разновидна стока за широка потрошувачка како на пример Кина, Бразил, Индија, Турција, САД, Англија, Германија, Франција, Италија, Шпанија и многу други земји, особено оние каде постои култура на преферирање на потрошувачите кон купување домасхни производи и каде домашниот производ е поконкурентен од странските, и тоа како можат да влијаат на раст на домашното БДП преку зголемување на домашната потрошувачка.