понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 85
home Економија

Ангеловска Бежоска : Бевме една од земјите со позначајни стапки на раст, сега подолг период уназадуваме

Ангеловска Бежоска : Бевме една од земјите со позначајни стапки на раст, сега подолг период уназадуваме

Во вечерашното гостување во емисијата „Во светот на бизнисот “ гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска истакна дека НБРМ како централна банка следејќи ги сите последни макроекономски случувања и најнови индикатори се преиспитала макроеконскамата проекција во текот на октомври и ноември, и во текот на ноемврискиот циклус на проекции е направена надолна проекција на растот.

-Претходно очекувавме 3,2 раст за 2018 година, а со последната рунда на проекции овој раст е ревидиран на 2,3 проценти. Ако се погледне малку поструктурно и подетално, која е состојбата на физичкиот капитал со коишто располага македонската економија, недвосмислено е јасно дека значајно уназадуваме во овој сегмент и покрај тоа што во посткризниот период бевме една од земји со позначајни стапки на раст на инвестициите, што резултираше впрочем и во значајно подбрување на структурата на брутодомашниот прозивод, потенцираше Бежоска.

Таа додаде дека ако се погледне структурата на брутодомашниот  производ ние се до 2017 година имавме позначајно позитивно придвижување на учеството на инвестициите, а намалување на потрошувачката, што е многу значаен сегмент бидејќи потрошувачката помага кон растот, меѓутоа ефектите од потрошувачката се краткорочни, а она што е долгорочно влијае на потенцијалот за раст на македонскта и сите економии се инвестициите.

-За жал од економски фактори, инвестициите стагнираат. Во 2017 година имаше пад на инвестициите, состојбите и во првата половина од 2017 беа анемични во делот на инвестициите. Ние не заостануваме само во делот на јавните инвестиции, односно во делот на јавниот капитал, ние позначајно заостануваме и во делот на приватните инвестиции, додаде таа.