недела, 16. јуни 2019. Вести денес: 74
home Економија

Акцизата на Заев и високите цени на горивата ги нокаутираа граѓаните

Акцизата на Заев и високите цени на горивата ги нокаутираа граѓаните

Горивата секојдневно поскапуваат а тоа удира директно по џебот на граѓаните и нивниот стандард. Ова според експертите се должи и на покачување на акцизата која Владата ја донесе како мерка и која наиде на огромни критики од бизнис заедницата и од граѓаните но Владата сепак ја спроведе. Пред некој ден Регулаторна комисија излезе со новите цени на горивата. Согласно новата одлука на РКЕ која стапи по полноќ бензинот „супер-98“ поскапува за три денари и ќе се точи по 70,5 денари за литар.

2,5 денари поскапува и „Супер-95“ кој ќе чини 68,5 денари.Не останува имун на поскапувањето и дизелот, кој бележи раст на цената од половина денари и ќе се продава за 61 денар.

Доколку се направи споредба на цената на дизелот во 2017 година и просечната плата и сегашната цена на дизелот и просечната плата во 2019 може да се забележи дека во 2019 година граѓаните можат да купат за 86 литри помалку споредно со 2017 година. Ваквата состојба значи директен удар по џебот на граѓаните.

Покачувањето на акцизата според економистите има спирален ефект односно доведува до покачување на производствените трошоци и кога стопанствениците ќе ги вкалкулираат овие трошоци во крајниот производ цените се покачуваат. Ова доведува до покачување на цените на производите и со тоа до поскапи производи за граѓаните на државата.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година во индустријата, за индустриско производство, се потрошени вкупно 28.394.350 литри дизел, 17.322.188 литри нафта за ложење, 43.655.532 литри мазут. Оваа потрошена количина е исклучиво за производство, не и за транспорт.

Доколку се вкалкулира повисоката акциза и ДДВ од 3.5 денари се доаѓа до заклучок дека трошоците за индустриско производство ќе се зголемат за 312.837.245 денари или 5.082.652 евра на годишна основа (под претпоставка дека во 2019 година ќе се потроши истата количина на дизел, нафта за ложење и мазут како и во 2017 година).

Покачувањето на дизелот од 46 на 61 денари е скоро 30 % зголемување на цената која директно влијае врз стандардот на граѓаните. И додека во Македонија сиромаштијата расте Владата не помага во нејзино намалување туку напротив донесе мерки за зголемување на акцизата која има негативни импликации и врз бизнисот и врз и онака нискиот стандард на живеење на граѓаните.