понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 134
home Македонија

Донација за кавадаречките пожарникари

Донација за кавадаречките пожарникари

Нова донација на  најхуманитарно Здружение  кај нас.  Lions klub  Тиквеш донираше  6 радио врски за  ППТЕ Кавадарци, кои ке им служат на пожарникарите  за комуникации при интервенции.Градоначалникот Јанчев- ја поздрави донацијата на Liones клубот  од Кавадарци.

Новата донација се состои од 6 радио станици-кои ке бидат врска меѓу пожарникарите и командирот кога ке се интервенира при гаснење на пожари и мајци за сите членови на Противпожарната територијална едница Кавадарци.Ова нова опрема ке биде добредојдена за членовите на противпожарниот тим, за поефикасно дејствување.

Градоначалникот Митко Јанчев, кој со командирот ја примија донацијата , се заблагодарија на  Lions klub, од Кавадарци акцентирајќи го значето на ова единица за интервенција при пажар.Ако само се направи ретроспектива во какви услови работеше пред една година и каква е состојбата сега, напредокот на целата ППТЕ, не моѓе ниту да се спореди. Со вложување на средства на Локалната самоуправа, и донациите кои ги имаше неколку, овој тим , кој целосно се подмлади кадровски, доби одлични услови за престој и чување на техниката и возилата со кои располага, и стана вистински пример како треба да изгледа една едница од ваков тип.

Командироит Александар Чадамов, се заблагодари на донацијата, а претседателот на  Lions klub  Тиквеш Мишо Митрев, кажа дека тие и понатаму ке продолжат да прават добри дела, на субјекти како нашата ППТЕ и на индивидуалци кои се социјално загрозени. Впрочем затоа и постои нивното здружение.Тие досега покажале дека вредат и заедницата  на повеќе наврати тоа им го потврдила.

 Извор: rtk.mk

Коронавирус