недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 28
home Македонија

„До небото верувам дека Заев капитулираше“

„До небото верувам дека Заев капитулираше“

Македонија оди на предвремени избори, нешто што требаше да се случи пред една година, веднаш по неуспешниот референдум.

Една година подоцна Македонија е пред бездна, Македонија и Македонците се со наведнати глави, зошто? Затоа што не обезличија, ни ја згазија гордоста, не газат, буквално не газат, Зоран Заев не гази!

Датумот за преговори остана во соништата на Македонците, датму за преговори нема! А знаете ли зошто?

Р од реформи нема , првите луѓе во владата се главни рекетари, криминал и корупција на сегде, како никогаш до сега, младите ни бегаат, пензионерите бесни, инвестициите на нула… затоа немаме датум!

Европа сака право и правна држава, Европа сака владеење на правото, а не владеење на подземјето, Европа сака култура.

Правото го уназадија, криминалците ги наградија, така не се добива датум, така не се оди во ЕУ.

ПС: До небо верувам дека Заев капитулираше!

Капитулацијата му се виде во очите, очите го издадоа, само погледнете му ја прес-конференцијата, како се правда, како немилосрдно продолжува да не лаже.

Сеуште не лаже дека ќе влеземе во ЕУ, абе Заев гледаме, читаме, слушаме, јасни се пораките, ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА НЕМА!!! Макрон ви го порача ова, не Мицкоски, впрочем од ВМРО и Мицкоски немате ни право да се пожалите, фер и коректни беа цело време.

Коректноста на ВМРО дури и негативно им влијаееше кај членството на партијата, ама не се работи за поединци, ЗА ДРЖАВАТА СЕ РАБОТЕШЕ, затоа беа коректни и ве оставија да ја истерате работата.

Капитулиравте тоа вие и на вас јасно, а јасно вие и дека ве очекува долг престој во опозиција ама и дека за криминалот и уназадувањетона државата ќе мора некој да одговара, во оваа држава има закони кои мора да се почитуваат, впрочем правото и правната држава мора да профункционира.

Со криминал дојдовте, а доаѓа време кога за него ред е и да одговарате!

 

Ристе Здравков