Десет годишно дете е тешко повредено откако било удрено од автомобил во скопската населба Ѓорче Петров.
Од полицијата информираат дека несреќата се случила вчера околу 7:50 часот на улицата „Борис Сарафов“ кога автомобил „Мазда“ со скопски регистерски таблици управувано од Т.Ј. (40) од с.Шишево-скопско удрило во 10 годишно дете-пешак.
-По незгодата со истото возило пешакот бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, каде од страна на лекар му била констатирана тешка телесна повреда и бил задржан на понатамошно лекување, информираат од МВР.
Од страна на увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Скопје бил извршен увид и се работи на целосно расчистување на случајот.