понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 180
home Македонија

Цукерберк не се појави да сведочи пред ЕП за скандалот со „Кембриџ Аналитика“

Цукерберк не се појави да сведочи пред ЕП за скандалот со „Кембриџ Аналитика“

Основачот и извршен директор на „Фејсбук“, Марк Цукерберк денеска не се појави пред Европскиот парламент, каде европратениците сакаа да сведочи во врска со скандалот со злоупотребата на личните податоци на корисниците на социјалната мрежа од страна на компанијата „Кембриџ Аналитика“.

Европарламентот во понеделникот официјално го покани Цукерберк да се обрати пред пратениците во врска со скандалот, слично како што сведочеше и пред членови на американскиот Конгрес.

Европската комисија во меѓу време соопшти дека Цукерберк  вчера во Сан Франциско се сретнал со еврокомесарот за единствениот дигитален пазар Андрус Ансип, при што разговарале за скандалот со „Кембриџ Аналитика“.

ЕУ соопшти дека скандалот со „Кембриџ Аналитика“ предизвикал „загуба на довербата во целиот свет“ и ги загрозил основите европски принципи.

Еврокомесарот за правда Вера Јоурова изјави дека во рамки на скандалот веројатно биле злоупотребени личните податоци на 2,7 милиони Европејци, додавајќи дека целиот случај има елементи на криманал.

Коронавирус