Крилниот напаѓач на Интер Иван Перишиќ наводно ги договорил сите услови со англискиот премиерлигаш Челзи, чии редови ќе ги засили по официјалното истекување на договорот со Италијанците на крајот на јуни.
За ситуацијата со Перишиќ извести Сандро Сабатини од Спортмедиасет, кој тврди дека дошло до промена во иднината на хрватскиот репрезентативец, кој во последните години е еден од клучните играчи на Интер. Се наведува дека тој веќе практично се согласил да се пресели на „Стемфорд Бриџ“.
Челзи на играчот му понуди двегодишен договор и плата од 4,5 милиони евра, што беше повеќе од она што Интер беше подготвен да му го понуди.
Неговото заминување би било навистина голем хендикеп за Интер, но „нероаѕурите“ требаше порано да размислат за тоа. Сакаа да му дадат помала плата во новиот договор, на крајот да загубија еден од најважните членови.