петок, 29. јули 2022. Вести денес: 129
home Македонија

Бронзен медал за македонскиот каратист Љупче Михајлов на Европското првенство во Чешка

Бронзен медал за македонскиот каратист Љупче Михајлов на Европското првенство во Чешка

Со резултат од 1:3 против Рамос Мат Стевен Аугуст од Италија, штипјанецот Љупче Михајлов го освои третото место и се здоби со бронзен медал на Европското првенство во карате, кое овој викенд се одржува во Прага-Чешка.

Ова е уште еден од низата успешни резултати на Карате клубот (КК )-Штип од каде доаѓаат најдобрите каратисти во Македонија Сашко и Жарко Арсовски и Емил Павлов но и за Македонската карате репрезентација бидејќи од сите кандидати Михајлов го оставри најголемиот резултат.

Од Карате клубот – Штип на Европското првенство учествуваа двајца каратисти Хаџикимов и Михајлов, кој со спонзорства на клубот и сопствени средства заминаа на првенството, наместо тоа да го обезбеди Македонската карате репрезентација.

Коронавирус