среда, 19. јануари 2022. Вести денес: 70
home Македонија

Бомбашки напади или замајување на јавноста?

Бомбашки напади или замајување на јавноста?
ФОТО: ТВ21

Најава за бомбашки напади во трговските центри веќе две недели ја активираше полицијата на највисок степен на подготвеност. Полициски службеници надвор и внатре во моловите, претреси на сите сомнителни лица ги загрижија македонските граѓани.

А како капак на се, вчера центарот на Скопје, беше опколен со специјалци и членови на единицата за антитероризам, поради пријава за поставена бомба во МНТ.

Па така сите објекти кои се наоѓаа во близина беа евакуирани, а центарот на градот блокиран.

Ова се случува откако едно лице се јавило на билетарата на МНТ и пријавило дека во објектот има поставено бомба.

Пред два дена редакцијата на КУРИР побара одговори од Министерството за внатрешни работи околу наводни најави за терористички напади во трговските центри, а оттаму ни одговорија дека лицата кои се заканувале биле уапсени.

-По објава на два видео клипа на „Тик ток“ со, како што е подоцна утврдено, лажни закани за можен терористички напад во еден трговски центар во Скопје на 28.11.2021 во 19 часот, веднаш се преземени соодветни мерки од страна на МВР-БЈБ-Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал/Сектор за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, СВР Скопје и Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика и Агенцијата за национална безбедност. Преземени се потребните безбедносни мерки, а утврдени се и лицата- можни креатори на лажните видеа. Известен е јавен обвинител, по чии насоки се обезбедени наредби за претрес на дом кај Н.С. во с.Студеничани и У.И. во Скопје. При претресот на втората локација најдени се дигитални уреди преку кои се објавени лажните видеа. Приведени се Н.С., У.И., како инеговиот син А.И.. Во службениот разговор, А.И. признал дека тој ги изработил и пласирал лажните видеа. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство, се вели во одговорот од Министерството за внатрешни работи.

Но, покрај сите вакви најави за терористички напади доколку се земе во предвид актуелната политичка ситуација во Македонија, се поставува едно прашање.

Дали најавите за терористички напади се начин да се замајува јавноста, со цел да не се зборува за катастрофалните политики на власта?

Психолошки е јасно дека кога луѓето ќе слушнат и видат специјалци во центарот на Скопје кои бараат наводно поставена бомба паничат, загрижени се и не се мисли веќе на политиката.

Зоран Заев е премиер во заминување, оставката која ја поднесе вечерта по поразот на локалните избори веќе втор месец ја одложува, по се изгледа каењето поради тој потег е голем, па со ваквите “бомбашки напади“ се купува време?

На 12 декември СДСМ ќе бира нов лидер, Зоран Заев поднесе оставка и од претседателското столче во партијата, Димитар Ковачевски е најсериозниот негов наследник, како на претседателската така и на премиерската функција.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека Ковачевски ќе биде само пиун на Заев кој треба само да ја продолжи лошата политика на СДСМ.

До сега тој и Фросина Ременски се кандидати за претстојниот конгрес, дали ќе има нови останува да видиме до крајниот рок.

Ако се земе во предвид дека во СДСМ веќе подолго време има внатрепартиски несогласувања, па така фамозното „скопско крило“ му сврте грб на актуелното раководство, се поставува прашањето, дали „скопското крило“ ќе има свој кандидат на конгресот?

Но, веќе трет ден на македонската политичка сцена се случува и окрупнување на владејачкото мнозинство, па така партијата Алетернативна на Африм Гаши е на праг да влезе во владата со свои барања.

Последните неофицијални информации велат дека Алтернатива на Албанците во владата ќе добијат неколку министерства и еден вицепремиер.

Па оттука се доаѓа до заклучок дека целата оваа ситуација со наводно поставени бомби во објекти во главниот град се ништо друго само замајување на јавноста и оттргнување на вниманието од важните политики во државата.

Коронавирус