четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Македонија

Битката за Тронот Почна: Стариот Волк Против Струмичкиот Кмет

Битката за Тронот Почна: Стариот Волк Против Струмичкиот Кмет

Битката за тронот на СДСМ почна многу одамна, само што сега таа е се поочигледна.

Од една страна струмичкиот кмет кој сака да ја приватизира партијата, а од друга стариот волк кој долго молчеше.

Зоран Заев против Бранко Црвенковски, „битка“ која многумина не ја очекуваа, а потајно ја посакуваа.

По се изгледа Зоран Заев имал добро скроен план. Дојде на чело на партијата со помош на Радмила Шекеринска, дојде кога партијата живееше на вересија, долгови, криза, едноставно пукаа по сите шавови во тоа време, ама тоа не беше проблем за Зоран Заев.

Планот му бил добро скроен, а по се изгледа и бил подготвен по секоја цена да дојде на премиерската функција. 

Вака-така Заев во 2017 година дојде до посакуваната позиција, дојде ама позади себе ги имаше сите од партијата, вклучувајќи го и Бранко Црвенковски, „стариот волк“… но, по се изгледа Црвенковски и неговите луѓе не го знаеле целиот план на Заев, па така по интервјуто на Заев за БГНЕС Црвенковски го прекина молкот и привремено го замрзна членството во партијата, а испрати и остри пораки кон Заев.

Дали ова беше причина за Заев да почне битка против „стариот волк“, кој пак важи за икона во партијата или како тој милува да каже, татко на СДСМ.

Оттогаш па наваму, Зоран Заев прави се, ама буквално СЕ за да се ослободи од луѓето на Црвенковски во партијата, а пред само две недели тоа му успеа и со најтврдиот камен во СДСМ, Радмила Шекеринска, која пак со таква леснотија ја отстапи функцијата и многумина остана зачудени поради ваквата нејзина одлука.

Но, Зоран Заев покрај тоа што се ослободува од луѓето на Црвенковски и Шекеринска, дел од нив се обидува да ги придобие, бидејќи имаат висок рејтинг и голема доверба кај народот, а тоа му треба за избори. 

Еден од тие е Венко Филипче. Сакале ние или не, мора да си признаеме дека Филипче се уште има висок рејтинг кај народот, а тоа му го овозможи коронавирусот и неговиот ладнокрвен однос пред камерите.

Па така во послениве неколку месеци станаа најдобри другари, ако до вчера возеше мотори со Љупчо Николовски, Драги Рашковски… месеците наназад тоа го прави само со Венко Филипче. Се сеќавате и на онаа фамозна случка кога ги казни сообраќајната полиција за неносење кацига, па во последно време турите кои ги прават се низ Македонија.

Не дека Зоран Заев и Венко Филипче имаат многу заеднички теми на муабет, ама рејтингот на Филипче му е потребен на Заев, па и потпретседателското столче во партијата би му го понудил само да го задржи.

Па така, Зоран Заев со забрзано темпо му задава удари на Црвенковски, кој пак се уште делува притаено и преку неколку безначајни потези успеа да му даде до знаење на Заев дека не се предава во оваа битка.

Еден од тие удари е и случајот со Стојко Пауновски, кој предизвика мала бура во јавноста, но како викаат Србите, „свако чудо за три дана“. Тоа помина, Стојко се заборави.

Изминативе денови почнаа муабети дека Црвенковски ќе формирал нова партија, па така ќе му се спротивстави на Заев. Ниту Црвенковски е луд, а ниту Заев наивен. Нивната битка ќе се води стриктно преку крилата во СДСМ.

Црвенковски е свесен, а и паметен политичар, па знае дека доколку формира нова партија, ќе заврши како “големиот војвода“ ЉуБчо Георгиевски, а со тоа само ќе му го зацврсти местото на тронот на Заев во СДСМ.

Во мај во СДСМ има избори, Зоран Заев ги бира имињата на новите соработници.

Можно ли е „стариот волк“ да има “Тројански коњ“ меѓу кандидатите кои ќе му бидат десна рака на „струмичкиот кмет“ останува да видиме во времето што следи.

Но едно е јасно, оваа битка ќе биде интересна и тешка.

Победникот ќе добие СЕ, губитникот можно е да заврши зад решетки!

Коронавирус