среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 98
home Македонија

Бигорски манастир доби магистер по црковна музика

Бигорски манастир доби магистер по црковна музика

Свештената Обител на познатото македонско древно светилиште „Свети Јован Крстител“, попознат како Бигорски манастир, го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија.

-Со благослов на нашиот почитуван надлежен архипастир, Митрополит г. Тимотеј, и со молитвената и татковска поткрепа на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, Свештената Бигорски Обител го доби својот прв магистер по византиско пеење и музикологија, нашиот собрат јероѓаконот Анатолиј, велат од Бигорскиот манастир.

Отец Анатолиј на одделот за богослужение и црковна уметност, на Теолошкиот факултет при Аристотеловиот Универзитет во Солун, успешно ја одбрани својата магистерска теза од специјалноста по византиска музикологија, со наслов: „Самогласните стихири на празникот Успение на Пресвета Богородица во византиското и поствизантиското песнотворение“

Коронавирус