петок, 5. август 2022. Вести денес: 136
home Македонија

Без сопругот на одмор, непознат маж ѝ ги бакнува градите: Сè поизвесен разводот меѓу Ванда и познатиот фудбалер

Без сопругот на одмор, непознат маж ѝ ги бакнува градите: Сè поизвесен разводот меѓу Ванда и познатиот фудбалер

Очигледно дека на Ванда ѝ е доста од сè и планира да се разведе од познатиот фудбалер Мауро Икарди.

Славниот брачен пар очигледно не успеал да го спаси бракот, Мауро Икарди и неговата сопруга Ванда Нара наскоро би требало да се разведат.

Светските медиуми веќе пишуваат за тоа дека нивниот приватен однос е нарушен откако се дознало дека аргентинскиот фудбалер има љубовница, актерката Марија Суарез.

Ванда сепак успеала да му го прости неверството на својот сопруг, а одредено време живееле во идиличен однос и уживале во својот живот.

Меѓутоа, аргентинските медиуми тврдат дека дошле до аудио-снимка според која се потврдува дека Ванда планира да се разведе од Икарди.

„Кармен, дојдов во Аргентина да го завршам разводот со Мауро. Ќе останам уште неколку денови и потоа ќе се вратам и ќе донесам сè што ти треба. Организирам сè за разводот, не можам повеќе да издржам“, вели гласот во аудио-снимката за кој многумина тврдат дека станува збор за Ванда, а пораката е испратена до жена која работела со неа додека живееле во Милано.

Дека очигледно многу од работите во нивниот брак не се како што треба, дало до знаење и тоа што Ванда повторно го отстранила своето презиме Икарди од социјалната мрежа Инстаграм, а пред неколку денови ги изненадила сите кога на некој концерт се појавила со непознат маж на којшто му дозволила да ѝ ги бакнува градите. Таа исто така на одмор ужива сама, без присуство на нејзиниот сопруг.

Коронавирус