вторник, 7. февруари 2023. Вести денес: 149
АКТУЕЛНО

Расте бројот на загинати во Турција и Сирија, спасувачите во трка со времето

home Македонија

Барселона ќе ги лечи раните против Рајо, Столе Димитриевски пред голем тест

Барселона ќе ги лечи раните против Рајо, Столе Димитриевски пред голем тест

По поразот во „Ел Класико“ трпението на навивачите на Барселона е потрошено, па денешното гостување кај Рајо Валјекано е клучно за смирување на страстите, прогнозира „Ас“.

Барселона вечерва ќе истрча на теренот на Рајо каде на голот се очекува повторно да биде нашиот репрезентатиевец, Столе Димитриевски.

Во минатото коло Рајо загуби кај Бетис со 3:2 а Барселона на домашен терен беше поразена од Реал Мадрид со 2:1.

Барселона нема пораз од Рајо од декември 2002 година, од тогаш па до денеска запиша 14 победи по ред во меѓусебните дуели во сите конкуренции.