сабота, 6. март 2021. Вести денес: 46
home Македонија

Бајден ја потпиша уредбата за купување американски производи

Бајден ја потпиша уредбата за купување американски производи

Американскиот претседател, Џозеф Бајден, го потпиша указот за набавка на американски производи, со што се очекува да се обезбеди поддршка за американското производство и претприемачи.

-Кога купуваме американско ќе набавуваме од цела Америка – од сите нејзини заедници што во минатото беа изоставени од системот за јавни набавки, рече Бајден по потпишувањето на указот.

Клучниот план за обезбедување на иднината, како што истакна, ќе биде купувањето американски производи, пренесе „Гласот на Америка“.

-Ќе ги искористиме парите на даночните обврзници за да ја изградиме Америка, рече Бајден.

Според него, ова е најголемиот чекор напред во областа на инфраструктурата, истражувањето и развојот уште од Втората светска војна.

-Според регулативата, ќе треба да се произведуваат повеќе компоненти во САД, рече Бајден.

Со уредбата се потенцира примената на законот од 1920 година, според кој стоките и производите меѓу американските пристаништа се превезуваат со бродови чии производители, сопственици и оние кои управуваат со нив се американски државјани или граѓани со дозвола за постојан престој, наведува „Гласот на Америка“.

Коронавирус