четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 15
home Македонија

Авионот на Меркел принудно слетал

Авионот на Меркел принудно слетал

Авион во која била германската канцеларка Ангела Меркел морал принудно да слета.

Кратко време по полетувањето од Берлин, авионот морал принудно да слета поради технички проблем, соопштил пилотот. Тој им рекол на патниците дека ќе го замени авионот на аеродромот во Келн во северозападна Германија.

Во владиниот авион имало дефект на неколку електронски уреди , но според пилотот немало безбедносна опасност.

Авионот Konrad Adenauer , наречен по првиот германски повоен канцелар , што го користи владата за службени патувања , полета од Берлин , но се врати назад во Германија додека летал над Холандија.

Не е јасно кога ќе дојде друг авион за да може Меркел да го продолжи летот до Буенос Аирес што трае 15 часа. Со неа во авионот бил и германскиот министер за финансии Олаф Шолц.

Коронавирус