недела, 19. мај 2019. Вести денес: 67
home Македонија

Арсовски: Сериозен сомнеж во Владата за перење пари преку прославата

Арсовски: Сериозен сомнеж во Владата за перење пари преку прославата

Криминалната Влада на СДСМ вчера призна за организација на прославата дека за само 1 ден се склучени договори без тендерска постапка, со фирми кои најверојатно однапред биле договорени. Добивме и уште едно многу поважно признание од криминалната Влада на СДСМ, а тоа е дека биле исплатени околу 40.000 евра повеќе на фирмите, кои што организирале од она што беше прикажано и потрошено во јавноста, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски и додаде:

„Оттука произлегува сериозен сомнеж дека станува збор за случај на перење пари преку прославата. Дали СДСМ на најгруб можен начин обидувајќи се да ја изманипулира јавноста со наводната транспарентност за прославата, се обиде да испере околу 40.000 евра пари на граѓаните. Откако беше обелоденето од наша страна дека на фирмите организатори се исплатени повеќе пари од прикажаното, тие се обидоа да релативизираат дека отпочната била постапка за враќање на парите, што е преседан во работењето на една Влада. Толку од транспарентноста на Владата на СДСМ. Крајно несериозно и повторно во истиот фазон како скандалот „Криминални иновации”, ако ги фатат ќе ги вратат парите, ако не, никому ништо. Зошто Владата не ја извести јавноста за ова и кога мислеа да ја информираат јавноста за случајов? Граѓаните заслужуваат да знаат кај се трошат нивните пари. Уште еднаш прашуваме, зошто не е објавен тендерот според Законот и зошто не е обезбедена конкурентност од економските оператори?“

Арсовски побара од Владата, да кажат помеѓу кои 3 фирми бил изборот за склучените 2 договори и зошто се фаворизирале фирми кои биле блиски до Студентскиот Пленум.

-Конечно уште еднаш прашуваме, да прекинат да лажат и конечно да прикажат колку пари на граѓаните се потрошени за пропаднатата прослава и дали има уште некој сомнителен случај кој наведува на перење пари на граѓаните? Јавното обвинителство и Агенцијата за спречување на перење пари имаат чист случај да го отворат и да го истражат. Ги повикуваме и охрабруваме тоа да го сторат тоа уште веднаш! А, Владата, најмалку што може е да сносат одговорност инолвираните и да си поднесат оставки. Да прекинат да ги злоупотребуваат парите на граѓаните. Што порано, толку подобро за народот и за државата. На крајот, Република Македонија и граѓаните ќе победат, додаде Арсовски.