вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Македонија

Арсовска: Доколку не се исчисти криминалот, се сомневам во користа од декларацијата за економска соработка

Како мислат дека декларацијата за економска соработка меѓу Македонија, Србија и Албанија ќе привлече инвестиции кога заедничко ни е корупцијата и криминалот
Арсовска: Доколку не се исчисти криминалот, се сомневам во користа од декларацијата за економска соработка

Претседателката на Сојузот на стопански комори Даниела Арсовска во емисијата “Вин Вин” на Телма телевизија, кажа дека таа не очекува многу од декларацијата за економска соработка која што денеска ја потпишаа Македонија, Србија и Албанија.

-Во поглед на развој на економијата во некаков релативен краток период и странски инвестиции кои што толку многу чекаат да влезат во овие три земји, таа посочи дека се сомнева дека тоа ќе се случи доколку не се исчисти корупцијата и криминалот внатре во секоја од државите. Оваа декларација ќе има повеќе политички, отколку економски импликации, во секоја од државите поединечно. Она што е заедничко и денеска беше многу убаво појаснето на медиумите од аспект на оваа декларација која што се потпиша, е тоа дека ние практично ќе привлекуваме инвестиции. Прво и основно, ние нашите поединечни проблеми од аспект на корупцијата криминалот и се она на кое што треба да поработиме во системите наши за да стигнеме на некој пат кон ЕУ треба да си ги решиме дома. Затоа што земајќи не вака како регион, незнам како мислат дека ќе пристапиме кон нешто на привлекување на инвестиции и на пазар кога на сите ни е заедничко дека ни цвета корупцијата и криминалот. А имаше и една интересна изјава која вели: “ќе ги хармонизираме сопствените законодавства како би можеле да излеземе заедно на пазарите кон ЕУ”. Па зарем не треба да ни е целта да се хармонизираме со ЕУ, а не да се хармонизираме меѓусебно. Мислм дека многу енергија ќе трошиме и ќе вложиме за да видиме една успешна приказна, рече Арсовска.