четврток, 2. јули 2020. Вести денес: 224
home Македонија

Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа

Албанија: Политичкиот совет постигна договор за изборната реформа

Албанскиот Политички совет, кого го сочинуваат претставници на политичките партии од власта и опозицијата, постигнаа договор околу изборните реформи, што е еден од 15-те услови за почнување преговори на Албанија со ЕУ.

-По повеќе средби, синоќа по полноќ во Конгресната палата Политичкиот совет постигна консензус за спроведување на изборите, прифаќајќи ја 100 отсто електронската идентификација на гласачите на изборите. Во нацрт-договорот се вели дека Владата на Албанија гарантира навремено финансирање онолку колку што е технички можно,-пренесува државната агенција АТА.

Надминато беше и недоразбирањето околу составот на изборните комисии и одбори. Договорено е Централната изборна комисија да се реформира, член да биде само оној кој го поминал ветингот и да има двајца странски експерти кои ќе помагаат во подготовката,обуката и спроведувањето на процесот на биометриска идентификација. Претседателот да се избира со консензус а потпретседателот го предлага опозицијата.

На овој договор претходеа повеќе средби на Политичкиот совет, како и неколку средби и разговори со странските дипломати, посебно синоќешните средби на американската амбасадорка Јури Ким, со опозицискиот лидер, Љуљзим Баша и со шефот на државата,Илир Мета.

Парламентарни избори 2020