понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Македонија

Ацевски: Заради задоцнетата реакција на Министерството за образование загубена е цела година!

Ацевски: Заради задоцнетата реакција на Министерството за образование загубена е цела година!

Министерството за образование како надлежен орган задоцни. Требаше веднаш да побара од факултетите, средните и основните училишта, да организираат он лајн настава барем по главните предмети, вели професорот Илија Ацевски во разговор за Слободен печат. Според него, со ваквото однесување на МОН изгубена е цела година.

– МОН веднаш требаше да се мобилизира, а не да чека да изминат 10 денови и со тоа да дозволи учениците и студентите да се однесуваат како на распуст. Ги остави на милост и немилост на ситуацијата предизвикана од заразата со коронавирусот. Сега веќе е доцна. На пример одложена е испитната сесија на факултетите. За кога – нема одговор – вели Ацевски.

Тој посочува дека доколку Министерството навреме ги дадеше насоките, до сега професорите ќе мораа да ги постават своите предавања он лајн и да почнат да комуницираат со студентите и учениците, бидејќи, според професорот во пензија, во ваква вонредна состојба, нема друг пат.

Во оваа вонредна ситуација соседните земји веќе се организираа, бидејќи веќе имаа логистичка поддршка. Отворете ги интернет страниците на универзитетите во Приштина, Загреб, Белград, Софија и ќе видите многу он лајн предавања кои се претставеи пред епидемијата со коронавирусот. За разлика од нив, ќе го земам Филозофскиот факултет при УКИМ за пример, ниту еден професор до сега нема организирано он лајн настава – вели Ацевски.

Целиот, оригинален текст на Слободен печат погледнете го на следниот линк.

Коронавирус