Внимателно ги анализира жените и ја бира својата цел. На почетокот е фин и забавен сè додека жената не го спушти својот одбранбен ѕид.
Сите сме слушнале за некој ваков или сме си имале работа со некој ваков.
Тој е опасен по здравјето, иако можеби не оди наоколу со знак на челото кој предупредува на опасност.
Начини на кој ќе го препознаете мажот „кретен“:
– Внимателно ги анализира жените и ја бира својата цел. На почетокот е фин и забавен сè додека жената не го спушти својот одбранбен ѕид.
– Како минува времето од екстремно фин ќе се претвори во неверојатно дрзок и некултурен, вистински камелеон во расположението.
– Ќе ви дава луди ветувања, но никогаш нема да ги исполни, но за неговите другари ќе прави сè.
– Не ги почитува жените, секогаш доцни на состаноци или ги откажува, а на професионално поле е точен како швајцарски часовник.
– Натпреварувачки е настроен и се плаши од жени кои се поуспешни од него, тоа го смета за личен напад.
– Има високо мислење за себе и жените ги смета за нешто пониско од себе.
– Ги дискриминира жените без разлика дали станува збор за работа или приватност, секаде сака да покаже дека мажите се супериорни над жените.
– Ќе манипулира со вас, ќе ве понижува во јавност и ќе прави навредливи шеги на ваша сметка, плус ќе ви ги краде идеите без да ви одаде признание за нив.
– Ќе бара постојано сексуално да го задоволувате, а тој нема да се грижи дали ве задоволил вас во креветот, ќе биде себичен како и секогаш.
– Ќе ве изневерува затоа што нема почит кон жените и не верува во моногамија.
– Може да исчезне од врската на одреден период и потоа да ви се врати со некое глупаво објаснување и оправдување.
извор: crnobelo.com