понеделник, 21. октомври 2019. Вести денес: 18
home Живот и стил

Зошто таа конечно си замина?

Зошто таа конечно си замина?

Jас сум воодушевена и инспирирана од неверојатната сила и решеност на жените кои ја наоѓаат силата да си заминат и да ги остават работите кои веќе не им се корисни.

Може да е сосед, пријател, учител, колега… секој во нејзиниот живот.

Секојдневно ги гледаме нивните маки и нивната та тага и се прашуваме зошто остануваат, но знаеме дека не можеме да ги принудиме да заминат. Се надеваме  дека еден ден самите ќе го видат сопствениот потенцијал и можеме само да им понудиме да ја пронајдат сопствената среќа.

Без оглед на тоа дали е работа, врска, град или едноставно живот кој не ги задоволува и ги влече назад.

Но, моментот кога ќе сфатат колку вредат и колкав потенцијал имаат, тоа е помоќно од било што би можеле да им кажеме.

Едноставно е бесценето.

Ако некогаш си ја преиспитувате сопствената ситуација и се прашувате дали е време да си заминете, размислете што е тоа ја тера една жена за конечно да си замине и видете дали ќе се препознаете во некоја од овие реченици.

Зошто замина?

Таа еднаш беше многу среќна таму каде што беше. Постоеја безгранично многу можности – љубовта којашто ја споделуваа беше длабока и моќна и таа беше очајна да врати стариот сјај.

На почетокот, додека заедно истражуваа нови работи, се беше прекрасно и таа научи многу работи за себеси.

Таа се сеќаваше колку им беше забавно и колку беше исполнета. Тој беше се што таа мислеше дека сака.

Нејзините пријатели и семејство коментираа за тоа колку беше среќна, како да и беа завидни за среќата којашто ја ширеше.

Кога работите почнаа да се менуваат и чувствата да се ладат, таа се прашуваше каде погреши. Таа се надеваше дека се ќе се врати како што беше.

Таа беше лута самата на себеси, мислеше дека таа е виновна за се.

Таа мислеше дека тоа што останува е знак за нејзината посветеност и се грижеше дека ако си замине прерано ќе се кае цел живот.

Чекаше работите да се поправат. Беше оптимист дека работите ќе се променат. Постојано се преиспитуваше  дали да си оди. Тоа беше прв знак дека треба да си оди. Наместо тоа, таа бараше знаци за да остане. И понекогаш, ако доволно силно се трудеше, ги наоѓаше. Знаеше дека на некој начин се помирува, но се уште се преиспитуваше. На крајот на краиштата, не беше толку лошо и се уште имаше нешто добро. Таа си велеше дека на другите им е многу полошо.

Таа чувствуваше некоја безбедност во тоа што знаеше што да очекува, како удобноста да носеше среќа. Не носеше. Таа на многу начини се обидуваше да рационализира зошто треба да остане. Таа се плашеше за тоа од што ќе треба да се откаже и се плашеше што ќе изгуби ако си отиде.

Но, таа не размислуваше за тоа колку ја чини тоа што останува. Почна да открива храброст и сила којашто знаеше дека ја има. Таа ги мереше ризиците.  Сега веќе беше уморна. Беше поразена. Беше огорчена. Таа сфати дека се откажала од сопствената среќа и моќ и знаеше дека се отишло предалеку.

Таа зборуваше со своите пријатели. Сите и дадоа поддршка. Отсекогаш и даваа поддршка. Таа се потсети колку потенцијал има и како одлуката да остане и штети. Таа се ослободи од вината и обвинувањето дека направила нешто погрешно. Не направи. Конечно сфати дека е готово. Сфати дека повеќе не и е корисно. Таа врска ја правеше тажна, ја повредуваше и ја фрустрираше.

Таа даваше се додека не остана ништо за да дава. Таа сакаше повторно да се смее како што се смееше кога се започна.  Знаеше дека е неизбежно да си замине, но не знаеш кога. Не знаеше како. Знаеше дека одложува. Но, се чудеше зошто чека?

Но, конечно замина. Тагата беше претешка, стресот ја преплавуваше, а болката ја гушеше. Време беше да замине и ја најде силата. Сфати дека единственото нешто што ја влечеше назад беше самата таа.

Се плашеше од тоа што ќе биде после. Како е се справи со сет отоа? Која ќе биде без овој дел од нејзиниот живот?

Стана, се собра, најде храброст и веруваше во себе. Знаеше дека е силна, знаеше дека ќе преживее. Се сети на тоа која беше пред да падне и колку беше прекрасна и исполнета. Како го живееше животот без страв. Чувствуваше задоволство и страст. И во тоа ја пронајде инспирацијата.

Кога се беше кажано и завршено, се чувствуваше како повторно да дише. И повторно почна да се смее. Како што и мислеше дека ќе биде.

Таа преживеа и ја докаже нејзината сила. Го докажа тоа на себеси. Таа стана свесна за тоа колку жртвуваше и колку беше несреќна. Животот почна да и се открива со целата нејзина убавина и среќата почна да се враќа во нејзиниот живот. Не требаше да ја брка и да ја влече.

Среќата ја најде неа.

Таа се уште се сеќава на среќните спомени, но таа речи да биде безусловно среќна. Таа реши дека нејзиниот живот заслужува благосостојба и дека повеќе не треба да ги рационализира нејзините избори.

За сите прекрасни жени на светот, се надевам дека ќе ја најдете силата и храброста  да го живеете животот полн со среќа, живот којшто го заслужувате и дека конечно ќе дишете со полни гради.