понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 104
home Живот и стил

Зошто не смееме да пиеме вода од пластично шише кое стоело во автомобил?

Зошто не смееме да пиеме вода од пластично шише кое стоело во автомобил?

Во текот на жешките летни денови постојат повеќе причини зошто водата би требало да ја пиете добро изладена. Во овие денови, автомобил кој стоел на сонце достигнува температура и до 70 степени. При такви екстремни температури не е пожелно да се седнува во автомобил, а научниците наведуваат дека консумирањето вода од пластично шише кое стоело во него, може да биде опасно.

Имено, пластичните шишиња изложени на високи температури ослободуваат штетни хемикалии од пластиката кои понатаму мигрираат во водата. За да разјаснат дали има вистина во овие стравови, научниците ја следеле концентрацијата на бисфеноли и антимони во водата изложена на високи температури.

Податоците добиени со мерење покажуваат дека на температури повисоки од 25 степени Целзиусови, концентрацијата на антимон во пластичните шишиња расте двојно. Антимон е метал чие токсично делување се поврзува со болести на белите дробови, срцето и гастроинтестиналните болести, а во одредени студии се наведува и како „потенцијално канцероген“.

Исто така, студиите покажале дека шишињата при загревање испуштаат и бисфенол А – соединение кое во организмот го имитира естрогенот и доведува до хормонска нерамнотежа. Бисфенолот А исто така се поврзува и со разни болести како дијабетес или дебелина. Денеска употребата на бисфенол при производството на пластична амбалажа е строго забрането во земјите ширум светот, а денеска е можно да се пронајде само доколку производителите користат рециклирана пластика.