среда, 18. септември 2019. Вести денес: 1
home Живот и стил

Зошто на интелигентните луѓе им е потешко да се заљубат?

Зошто на интелигентните луѓе им е потешко да се заљубат?

Љубовта е такво нешто што само можеме да го почувствуваме, а правиме грешка кога се обидуваме да ја разбереме или дефинираме. Психолозите тврдат дека на паметните луѓе им е потешко да се заљубат, а нудат одговори и зошто е тоа така.

Ги анализираат своите и туѓите чувства

Интелигентните луѓе се вистински експерти во собирање информации, но и анализирање пред донесувањето одлуки. Тие ги носат своите одлуки базирани на интуицијата и своите, но и туѓите искуства и многу потешко се впуштаат во ситуации каде мислат дека постои простор да наидат проблеми.

Потребно им е време за да се отворат

Тешкотијата да се отвориме пред другата личност е еден од најчестите проблеми кои предизвикуваат завршување на врската или пак прекинување на комуникацијата на самиот почеток при запознавањето на партнерите. Интелигентните луѓе се плашат да се отворат бидејќи сметаат дека така ќе ја покажат својата рандливост и затоа често делуваат студено.

Се водат од своето искуство

Го споменавме ова и претходно, но тоа е најголемата замка на интелигентните луѓе. Тоа што било причина за прекин на претходната врска, не значи дека ќе се случи и во иднина. Тие можат да се сетат на болното прекинување на врската и несвесно прават проекција за сите идни врски во иднина.

Тоа што се сами е избор кој тие го прават

Интелигентните луѓе не стапуваат во врска само за да не бидат сами. За нив е подобро да се биде сам отколку во несреќна врска. Тоа е нивна свесна и добро промислена одлука.