вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Живот и стил

Зошто коронавирусот е најсмртоносна опасност за постарите лица?

Зошто коронавирусот е најсмртоносна опасност за постарите лица?

Од почетокот на пандемијата на коронавирусот, лекарите предупредуваат дека постарите се најзагрозената група, а сега експертите објаснуваат и зошто е тоа така.

Стапката на процентот на смртност нагло расте по 70-тата година, велат најновите проценки објавени во Lancet Infectious Diseases.

Меѓутоа, зошто постарите лица се толку загрозени?

Освен главнат причина, дека постарите луѓе главно имаат некоја хронична болест, науката смета дека постои уште една причина.

Таа втора причина ја нарекле „самрак на имунитетот“.

-Не е само бројот на годините тој кој одредува како телото ќе одговори на болеста, предупредува геронтологот Џорџ Кучел од Универзитетот во Конектикат, додавајќи дека многу посериозен фактор е и бројот на хроничните болести од кои пациентот страда.

И можноста дека пациентот ќе мора да биде хоспитализиран расте со текот на годините. Според досегашните бројки, околу 18,4 пациенти постари од 80 години морале да бидат во болница. Кај луѓето во шеесеттите години, процентот изнесува 12 отсто, додека околу 3,4 отсто триесетгодишници мора да бидат во болница.

Британските научници сметаат дека возраста е во голема мера причина за катастрофата што ја снајде Италија. Просечната старост во Италија е 47 години и Италијаните се вбројуваат меѓу најстарите народи во Европа. Околу 23 проценти од населението им е постаро од 65 години.

„Органзизмот на постарите луѓе не реагира на микроорганизмите како што реагирал кога бил помлад. Тоа е „самрак на имунитетот“, објаснува имунобиологот Јанко Николиќ Жугиќ од Универзитетот во Аризона.

Коронавирус