понеделник, 17. декември 2018. Вести денес: 29
home Живот и стил

Зошто е добро бебето да личи на таткото?

Зошто е добро бебето да личи на таткото?

Бебињата кои веднаш по раѓањето личат на таткото, се поздрави во текот на првата година од животот, затоа што татковците поминуваат повеќе време со нив, покажуваат резултатите од новото истражување.

Кога бебето личи повеќе на него, таткото ќе поминува повеќе време со него, во просек дури 2,5 дена месечно, отколку ако бебето личи на мајката и тоа најмногу поради сосема неочекувана причина, затоа што несвесно е уверен дека детето е навистина негово.

Едно истражување спроведено неодамна покажало дека ова дополнително време поминато со таткото позитивно влијае на здравјето на бебебето, така што овие бебиња имаат општо подобро здравје во текот на првата година од животот, пренесува британски „Индепендент“.

– Улогата на таткото е многу важна во растењето на детето, а посветеноста на новороденчето влијае на здравствената состојба – вели д-р Соломон Полачек.