недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 0
home Живот и стил

Знаете ли што останува од човекот кога ќе го изневериш, повредиш, лажеш или оставиш?

Знаете ли што останува од човекот кога ќе го изневериш, повредиш, лажеш или оставиш?

Знаете ли што останува од човекот кога ќе го изневериш, повредиш, лажеш или оставиш? Останува празнина таму каде што некогаш биле љубовта и надежта. Знаете ли што останува од човекот кога сите ќе го изневерат, напуштат, лажат или повредат? Останува само тело без душа.

И после тоа, можеби многумина ќе го сакаат, но тој нема да ги сака нив. Нема да смее, нема да може, нема да умее да возврати на какви било емоции. После тоа многумина можеби ќе му ја кажуваат вистината, но тој нема да слуша, ниту пак да се грижи за тоа. Другите нема да го разберат тоа, но повредениот човек знае зошто е тоа така. Порано или подоцна сите си одат, повредуваат, лажат или изневеруваат. Тој повеќе нема сила да се составува и да продолжува после тоа. И луѓето зборуваат каков е тој сега, како тој не е тука за никого, како повеќе не помага на сите.

Тој човек со насмевка која повеќе не ја симнува од лице, молкум одговара дека и нему никој не му помагал кога одвнатре умирал, кога највеќе му било потребно тоа. Тој повеќе не бара помош од никого. Луѓето одамна ги избегнува. Повеќе не зборува со другите. Тишината му е разговор, самотијата му е придружник.

Еднаш отфрлен, тој повеќе не сака никому да се допадне и повеќе не сака никому да припаѓа.